Култура Македонија Новости Стил Топ Вести

Шлемил – Тоа сме сите ние !

Пишува Александар Сашко Кукулев

Оние што не се родени големи (туку некогаш биле мали и читале лектирни изданија) се сеќаваат на книгата “Чудните доживувања  на Петар Шлемил” новела на германскиот писател Аделберт фон Шамисо од 1814 година. Главниот лик  во тоа недебело книвче (ако добро се сеќавам на содржината) еден ден налетал на некој превртливец кој му понудил интересна зделка: Да му даде неисцрпно ќесе со пари во замена за неговата сенка. Сметајќи дека сенката и не е некој особено важен сегмент од животот на еден човек Шлемил се соглсил. Превртливецот се наведнал, ја зграпчил неговата сенка од земјата, ја завиткал во ролна…ја ставил во својата торба и според договорот му го дал ветеното неисцрпно ќесе со пари…и си заминал.

Тука почнале маките на веќе богатиот Шлемил…

Луѓето почнале да го  одбегнуваат…птиците и животните го заобиколувале, а девојката со која сакал да се ожени одеднаш ја променила својата одлука…поради една едноставна причина – немал сенка!!! 

Богатиот но несреќен Шлемил тргнал по светот да го бара превртливецот…за да му го врати неисцрпното ќесе со пари во замена за сопствената сенка.

Не се сеќавам баш на крајот од приказната но (како што тргнало) се плашам дека наскоро ќе го дознаеме сите.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *