Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски: Не е коректно што премиерот бара лидерска, а уставните измени патуваат кон Собранието

Мицкоски вели дека премиерот има неискрена желба за лидерска средба бидејќи треба да седнат и да дискутираат за нешто што е веќе напишано. Тој е уверен дека промените на Уставот нема да поминат во Собранието, по што смета дека цела Влада треба да си поднесе оставка. За изборите, пак, најави блок од сите партии и групации што ќе се обединат околу најважните интереси

Ковачевски, кој веќе ја испратил поканата за лидерска, пак, рече дека на лидерската ќе се зборува за две теми – уставните измени и односите со соседите. Ако не успеат уставните измени, тој вели дека она што следува веќе сме го посведочиле од 2006 до 2016 година, а тоа е изолација во која државата не напредувала ниту еден милиметар во евроатлантските интеграции. Избори, дециден е премиерот, ќе има во редовниот термин во 2024 година

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека не е коректно што уставните измени патуваат кон Собранието, а премиерот бара лидерска средба. Тоа, според него, е неискрена желба за состанок и за вистински договор.

На партиска трибина вечерва во Кавадарци, тој го повтори ставот дека промени на Уставот под, како што вели, бугарски диктат и под овие околности ќе нема.

„Овие работи кои сега ги говорам, истите ќе ги кажам и на лидерската средба која од власта најавуваат дека ќе се случи. Не е коректно што уставните измени патуваат кон Собранието, стокмени и напишани по бугарски терк, а премиерот бара лидерска средба. Тоа значи дека не е искрена ниту неговата желба да се состанеме и да направиме вистински договор за иднината на оваа наша Македонија. Треба да дискутираме за нешто што веќе е напишано. Тие уставни измени лошо ќе завршат затоа што нема да добијат поддршка, но никој од власта не говори за времето што потоа“,рече Мицкоски.

Тој е уверен дека уставните измени нема да поминат во парламентот, а тоа, според него, ќе биде и дефинитивниот крај на оваа влада. По неуспехот, вели тој, потребна ќе биде оставка од Владата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *