Македонија Новости Топ Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да да се изјасни кој предлог на Мицкоски го прифаќа


ВМРО-ДПМНЕ не го интересираат одлуките на органите на СДСМ, туку треба да се откажеле од ДУИ и да се изјаснеле кој од двата предлози на Христијан Мицкоски се прифатливи за нив. Пратеникот и член на Извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски, денеска на прес-конференција изјави дека работните групи што ги формира СДСМ за преговори би имале смисол само ако владејачката партија се изјасни кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за нив. Во спротивно, „нема потреба од понатамошни преговори и губење време“. Сали неусвојувањето на уставните измени ќе биде ново губење време Милошоски не објасни.

Тој ги повтори двата предлози на Мицкоски: Првиот е преодна влада без ДУИ, излегување на ДУИ од сите ешалони, и уставни измени кои би стапиле на сила само на денот на членството на Македонија во ЕУ. Вториот предлог се предвремени избори оваа есен, при што дадени се три датуми; потоа да се обезбедат гаранции од европските институции за заштита на националните интереси на Македонија и ќе се дадат и осигурувања дека државата повторно нема да ги има секоја година ирационалните блокади од Бугарија. А по изборите новиот премиер на Македонија ќе побара и економски пакет од Европската комисија за подобар стандард во државата. А Бугарија да исполни три пресуди од Судот во Стразбур.

Во исто време, портпаролот на СДСМ, пратеникот Дарко Каевски, го поздрави дијалогот со опозицијата. „Чекорот што го направи Христијан Мицкоски со прифаќањето на уставите измени е за поздравување. Сето ова создаде добра основа за продолжување на дијалогот со ДПМНЕ, но и со сите релевантни политички партии застапени во македонското Собрание.

Сега може да разговараме како заеднички да ги изведеме уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат“, рече Каевски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *