Македонија Новости Топ Вести

Судскиот совет се скара со холандскиот амбасадор

Судскиот совет ги оцени како неосновани обвинувањата на холандскиот амбасадор, кој го изрази своето незадоволство од работата на оваа институција, нарекувајќи ја дури и нелегитимна. Во писмениот одговор, Советот наведува дека институцијата работи согласно законот и овластувањата кои произлегуваат од Законот за Судски совет. По изјавата на амбасадорот Дирк Јан Коп дека новиот претседател на Судскиот совет е избран по нелегитимна постапка и оти неговата држава суспендира четиригодишен проект, членовите на Советот истакнаа дека нивниот нов претседател бил избран со потребниот број гласови предвидени со закон.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *