Македонија Новости Топ Вести

Државата се уште го нема платено целиот аванс на „Бехтел и Енка“ за коридорите 8 и 10

Државата се уште го нема исплатено вториот дел од авансот за компанијата „Бехтел и Енка“, која ќе работи на изградбата на патничките коридори 8 и 10д.

Ова денеска во изјава за медиумите го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој потенцираше и дека проектот за коридорите се уште не е доставен, но во тек се механички истраги неопходни за подготовка на истиот.

Денеска пак Владата се правда дека носењето на законските измени со европско знаменце неопходни за реализација на проектот со коридорите се поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои според нив се неосновани. Од друга страна, опозицијата и натаму останува на барањето договорот со Бехтел и Енка да биде јавно објавен.

Проектот со коридорите 8 и 10д ќе го гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, а првичните проекции беа дека ќе чини 1,3 милијарди евра народни пари. Опозицијата пак, обвини дека проектот ќе чини многу повеќе бидејќи во него имало непресметани трошоци, меѓу кои и објекти како мостови.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *