Македонија Новости Топ Вести

Град Скопје: Граѓаните да се воздржат од паушални изјави во врска со мостот„Беласица“

Апелираме до јавноста, медиумите и оние кои сакаат да се нарекуваат експерти да не предизвикуваат паника во јавноста со паушални изјави кои не се базирани на никакви информации, вештачења ниту пак истражувања.

Во овој момент се работи вештачењето на состојбата со мостот „Беласица“ со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување. Во моментот мостот е затворен како превентива, се додека не добиеме уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани „извори“ да се предизвикува паника кај граѓаните.

Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи, а во наредните неколку денови ќе се донесе и одлука за тоа дали ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба.

Со ова, сакаме да ги демантираме и дезинформациите и паушалните раскази на медиуми кои ја користат оваа ситуација за водење на политичка агенда која на ниту еден начин не помага на разрешување на ситуацијата, се наведува во апелот на Град Скопје.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *