Македонија Новости Топ Вести

Скопје пред банкрот, Данела Арсовска и Градот демантираат

Град Скопје е со блокирана сметка, објави веб медиумот сдк.мк кој повикувајќи се на свои извори, тврди дека градот е пред банкрот и на сметката има околу 200.000 евра за тековни расхови.

Од Град Скопје, пак, демантираат дека сметката им е блокирана, но признаваат дека има неплатени долгови кои датираат од времето на ексградоначаникот Коце Трајановски.

„Во случајот се работи за долг кој го направил Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту Петре Шилегов“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Од Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска нема детали за што конкретно станува збор и колкав е долгот, но преку соопштение таа ја префрла вината на нејзините претходници. Според сознанија на Телма, станува збор за судски процес за отштета кој по долга судска постапка е завршен во корист на тужителот и градот Скопје не може да го подмири поради слабо конто на сметката.

„Блокирањето на сметката е извршено преку банка, по барање на извршител, а не преку Управата за јавни рабноти (УКП). Градската сметка е дополнително осиромашена по исплатата на долгот кон приватните превозници“, рече денеска Арсовска на брифингот со новинари.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *