Македонија Новости Топ Вести

Амандманите за измени на Законот за минерални суровини за коридорите 8 и 10д пред Комисијата економски прашања

Собраниската Комисија за економски прашања денеска треба да одржи продолжение на 21 седница на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, поврзан со експлоатација на суровини долж коридорите 8 и 10д.

Седницата започна пред велигденските празници, но дневниот ред не беше усвоен. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаа процедурални забелешки со коишто, меѓудругото, бараа Владата да го објави договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите и ги повторија сомнежите за можни коруптивни дејствија.

Претседателот на Комисијата Диме Велков замоли да не се злоупотребуваат процедуралните забелешки на седницата и информираше дека за законот се поднесени четири амандмани, два од ВМРО-ДПМНЕ и два од пратеникот Љупчо Балковски од ВМРО-НП.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *