Култура Македонија Новости

Изложбата „5 години Џез Фестивал во Битола“ викендов во КИЦ-Битола

Во рамките на споредната програма на шестото издание на Џез Фабрика Фестивалот – Битола 2023, е и изложбата на фотографии под наслов „5 години Џез Фестивал во Битола“ на авторот Даниел Ѓурчиновски.

Изложбата ќе биде презентирана оваа сабота (8 Април) со почеток од 12 часот, во Културно информативниот центар – Битола.

„Даниел е нашиот идеен творец, дел од тимот кој го создаде фестивалот и секако наш арт директор“, истакнуваат организаторите на фестивалот.

Изложбата е и во рамките на годишната програма на ЈОУ КИЦ Битола и содржи автентични фотографии од музичките настапи на џез музичарите кои во изминатите пет години настапиле на битолскиот џез фестивал „Jazz factory fest“.

Главната, музичката програма оваа година ќе се одржи од 13 -ти до 15- ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство. Фестивалот ќе биде отворен со настапот на Баба Сисоко од Африка, Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *