Проф. д-р Благој Цонев
Размислувајќи како да ја надоградам апстракноста на Македонецот, неможам а, да не навлезам во костец со тоа што е балканецот… Имено, балканецот, не е идентитет, не е мит, не е колетивна историја, тоа што го прави балканецот е битот и непокорливоста кон модернизмот, односно мислата дека е возвишено битие во одност на сите останати регионални или национални иденититети.
Ако Homo Balcanicus e личноста која ја воздигнува својата култура на пиедестал, иако истата е комплетно идентична со некоја од соседните, иако балканецот, односно тој Нomo Balcanicus е личноста која смета дека неговиот мит е најстариот на светот, дека од нас балканците зависи судбината и дека сите други се идиоти, а ние балканците сме сржта на современата цивилизација… Сепак… си го поставувам прашањето колку балканци може да наброиме кои ја имаат одбележано светската историја…? Александар Велики пред 2300 години, Јусинијан пред 1800 години, Геори Кастриоти пред илјада и кусур години… И…? Овде завршуваме, овде завршува митот на Homo Balcanicus, митот за супериорноста на нас самите во однос на европјаните, американците, азијците или африканците. Јас лично неможам да се сетам на некој балканец кој ја има преобразено историјата во било кој нејзин сегмент освен оние личности кои се наброени погоре.
Сето ова не води до митологизирање и создавање не на некоја величина како регионален идентитет, туку кон наша културолошка и политолошка нестабилност, бидејќи Балканот во последните 500 години нема дадено ниту една личност која е вредна да влезе во светската историја. Но главната цел на овој текст, не е тоа да се деградираме самите себе си, туку да го најдеме проблемот, зошто Балканецот, не успева да оформи, создаде или апстрахира типичен Homo Balcanicus кој навистина нешто направил за светскиот поредок. Се разбира секоја чест за Никола Тесла, но тој самиот е исклучок за човештвото, а и за целиот Балкан.
Балканот, не успева да создаде нормален Homo Balcanucuѕ поради тоа што самиот Балкан влече надолу, деградира и создава амбиси. Ако се вратиме наназад во историјата и ја прочитаме, ќе видиме дека нема понесреќен регион во светот од Балканот, (Блискиот Исток да не го сметаме). Понесереќен во смисла на идиотизмот на елитите кои не се грижат за населението, идиотизам во смисла на газдите кои не се грижат за вработените, идиотизам во смисла на обраованието, на судството, а за политиката да не правиме ниту муабет.
Кога зборувам за Homo Balcanicus, нема да идам подалеку, само ќе ја земам македонската статистичка категорија. А тоа значи дека полицаец има повисока плата од лекар, лекар има повисока плата од универзитетски професор, а од сите нив повисока плата има водоводџија. Несакам водоводџиите да ме сфатат погрешно, но на Балканот ние дојдовме до прашањето зошто сме учеле? И, ние кои пишуваме, и ние кои твориме како уметници, како и тие кои треба да не образуваат и тие што лечат, сите сме деградирани од оние кои треба да не казнуваат и оние кои треба да ни ги оддржуваат домовите, а кои имаат поголеми примања од сите останати. Тоа е тој типичен Homo Balcanicus, на кој не му е битно колкава е платата на лекарот, туку му е битно да најде врски за до него, не му е битно ниту платата на професорот на неговото дете, туку ќе најде врски и докај него… Тоа е балканецот кој порадо ќе дава мито на секого, но нема да се согласи да даде пристојна плата на никого. Тоа е балканецот кој мисли дека е надлежен и дека е фактор за се, ама тоа е и балканецот кој како зајче бега од секоја одговорност, што некако ме потсеќа на сите лидери на македонските политички партии.
За жал, Homo Balcanicus е нешто кое ние го наследуваме како да е нешто кое го носиме во нашата ДНК. За среќа може да се промени, но, се чини дека балканецот е отпорен на промени затоа што повеќе се пали на шовинизмот отколку на сиромаштијата, а сиромаштијата е токму тоа што нас не прави да бидеме Homo Balcanicus.
Продолжува со „Како етносимболизмот во Македонија се претвори во етноидиотизам благодарение на внатрешната организација“