Македонија Новости

Легализацијата на дивоградби во Охрид мора да запре

Пролонгирање на рокот за легализација на дивоградбите не смее да се случи, категорични се експертите. Надлежните мора посериозно да се ангажираат на оваа проблематика и да не дозволат и натаму да се гради на диво, и за минимални средства потоа да им се овозможи на несовесните бизнисмени и граѓани да ја легализираат градбата која ја изградиле на незаконски начин. Доколку станува збор за сиромашни семејства тогаш треба да им се помогне.

Advertisements

„Дивоградбата ако не е на категоријата сиромашни граѓани, туку е чисто од економски причини треба да се конфискува или да се сруши, во зависност од тоа дали може да се вклопи или не. Затоа во трите светски јазици не постои дивоградба. Што мислите, таму не постојат мудри луѓе како кај нас, ќе направат дивоградба и ќе си тераат. Не, и таму има умни само им е страв од законот“, рече Златко Тодоров, архитект.

И покрај законски утврдените високи парични казни но и казна затвор доколку се гради без потребната документација, овие санкции засега се само на хартија. Активистите ја повикаа и Антикорупциска да се посвети на овој голем проблем со кој се соочува македонското општество.

„Значи, може да се легализира ако се на подрачје каде е предвидена сообраќајна инфраструктура доколку општината донесе одлука со која се предвидува откажување на изградбата или дислокација на сообраќајната инфраструктура. На тој начин охрабруваме и понатаму ново бесправно градење. А општината може дури да донесе одлука да се легализира дивоградба која се наоѓа во заштитен крајбрежен појас, вештајќи езера, речни корита ако тој објект може да се вклопи во урбанистичкиот крај“, рече Ана Петровска поранешна директорка на инспекторат за животна средина.

Во 2011 година пратениците со измена на закон го пролонгираа рокот за легализација на дивоградбите за пет години. Но, правилата велат легални може да бидат само бесправно изградените објекти заклучно март 2011 година. Такви има околу 100 илјади низ Македонија. Досега се легализирани околу 300 илјади дивоградби во земјава.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *