ДИМИТРИЕВСКИ ОД КУМАНОВО: НЕКА ДОЈДЕ АХМЕТИ ДА ЗАПЕЕ ВО ТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ НА АЛБАНСКИ НАСТАВЕН ЈАЗИК КОГА ЌЕ ВИДИ ВО УСЛОВИ УЧАТ
ДУИ владее со државата, а дел од функционерите на СДСМ се нивен приврзок, изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „10 минути” на телевизија 21.
„ДУИ покажува аздисаност од власт и час поскоро сметам дека граѓаните на следните парламентарни избори треба да го казнат за таквото однесување. Во контиунитет се зборува за злоупотреба на државни ресурси. Каде е собирот? Во државен објект. Како дојдоа? Со државни коли“.
„Тоа што тие го манифестираат во континуитет, апсолутно не е за одобрување. Тоа што денеска се случуваше со пеење по кабинети, па јас не плаќам даноци и такси за да вие како мој избраник да седите и да пеете. Па и да пеете доколку граѓаните се среќни, но во Македонија на сите анкети граѓаните не се чувствуваат среќни, а политичарите им пеат”, рече Димитриевски.
Димитриевски го покани Али Ахмети да дојде и да запее во техничкото училиште на албански наставен јазик во паралелките и да ги види условите во кои учат и во техничките паралелки и во СОУ „Наим Фрашери“ и да се реши проблемот, а не проблемот да го решава од избори на избори.