Македонија Новости Став Топ Вести

Таравари: Македонија да го напушти „Отворен Балкан’

Таравари како претседател ќе бара излегување на Македонија од Отворен Балкан, дејугославизација на Армијата на Македонија и на Агенцијата за разузнување,  дисциплинирање на судиите и затворање на проруските медиуми

Претседателскиот кандидат на албанската коалиција ВРЕДИ, Арбен Таравари, најави денес дека ќе бара гаранции од високиот претставник за надворешна политика на ЕУ дека, по уставните измени, нема да има нови барања за Македонија надвор од Преговарачката рамка за започнување преговори. Со оваа најава тој практично отвори врата за постизборна коалиција на ВРЕДИ со ВМРО-ДПМНЕ, која настапува со ист став во програмата. 

Ваквата најава Таравари ја даде денес на презентацијата на неговата изборна програма која, како што рече, почива на четири главни столба: Северна Македонија интегрирана во регионот и во Европа, Северна Македонија произведувач на безбедност,Северна Македонија како правна држава  и Северна Македонија како консензуална демократија. 

-Европската унија е наша неоспорена цел, единствен пат кон стабилност и кон одржлив развој, рече тој пред да излезе со најавата за барање гаранција од ЕУ. Околу регионалната соработка рече дека ќе биде базирана на вредностите што ги застапува коалицијата, а во тие рамки  Косово како независна, суверена и регионална држава. 

Понатаму, тој најави  некои радикални позиции, од тоа дека ако стане претседател ќе се заложи веднаш за излегување на Македонија од Отворен Балкан, за дејугославизација на Армијата на Македонија и на Агенцијата за разузнување,  за крај на енергетската зависност од Русија, па и за дисциплинирање на судиите и обвинителите и затворање на проруските медиуми, иако се заложи за слобода во оваа сфера. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *