Колку поблиску се до изборите Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ толку повеќе ја приземјуваат пропагандата која шест години ја ширеа без контрола
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој со години ја критикува актуелната влада за развлекувањето на изградбата на автопатот Кичево-Охид, вчера даде бисер изјава – дека ако тој и неговата партија дојдат на власт, ќе го завршат патот до 2026 година!
Колку поблиску се до изборите и до доаѓањето на власта што ја очекуваат, тој и ВМРО-ДПМНЕ толку повеќе ја приземјуваат пропагандата која шест години ја ширеа без контрола и без да ги имаат воопшто предвид фактите околу промашениот проект, што оваа партија го договори со „Синохидро“ во 2014 година.





