Во Првата изборна единица станува многу густо и Данела ќе биде носител на листа
И скопската градоначалничка, Данаела Арсовска, денеска објави дека ќе ја води листата на неодамна преземената партија Нова алтернатива на парламентарните избори. Ова денеска во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 го најави самата посочувајќи дека партијата на претстојните парламентарни претседателски избори ќе настапи со, како што рече, сите капацитети што ги има партијата.
„Тој дуел што ќе биде во изборна единица еден треба граѓаните да го очекуваат со нетрпение“, рече таа во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.






