Македонија Новости Став Топ Вести

ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ И СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СЕ ПРЕПУКУВААТ НА ФЕЈСБУК : „Кармата се враќа“

Екс претседателот на Собранието, Трајко Вељановски преку фејсбук му се обрати на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски за актуелната ситуација со носењето на буџетот во општина Карпош.

„Животот е карма, да го потсетам градоначалникот на Карпош Стефче Јакимовски како тој заедно со неговите тогашни партиски другари Зоран Заев и други од сдсм под покровителство на нивниот тогашен претседател на сдсм Бранко Црвенковски во 2012 година несакаа да се донеси буџетот на РМ и беа спремни да се пресметаат со припадниците на МВР. Има една поговорка не му прави на другиот што несакаш на тебе да ти направат“, напиша Вељановски.

На неговиот статус експресно одговори Јакимовски.

„Поранешниот претседател на Собранието господинот Трајко Вељаноски исклучително го почитувам. Го пишувам овој одговор без намера да се карам со него. Тоа не го сакам. Едноставно граѓаните нека проценат што е што.

Да, господинот Вељаноски е во право, кармата е чудна работа. Ние протестиравме 2012 година против носењето на Буџетот во Собрание. И тој прави паралела со денешниот обид за не носење на Буџет во Општина Карпош.

1. Во право е Трајко. Кармата се враќа. Да го потсетам него и сите од ВМРО-ДПМНЕ дека на крајот на 2005 година, ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваше да се донесе Буџетот за 2006 година. Претседател на Собранието беше еден прекрасен човек, за жал сега покоен, професор Љубчо Јордановски. Дали се сеќаваат како тропаа со лажици и кутлачи по лонци и тенџериња во Собранието на РМ? Правеа таква бучава што ништо не се слушаше со цел да го блокираат носењето на Буџетот. Има и снимки. Таа карма од 2005, им се врати во 2012. Во право е.

2. Протестите на СДСМ против носењето на Буџетот за 2013 година, на 24 декември 2012 година како главна причина беше енормното трошење на средства за Проектот „Скопје 2014“.

3. НЕ се сеќавам дали таму имаше амандмани со по еден денар. Повторувам, само еден денар.

4. ВМРО-ДПМНЕ, Буџетот за 2013 година го направија сами и не сакаа ништо да прифатат од опозицијата.

Во Карпош вака стојат работите:

1. За правењето на програмите и за носењето на Буџетот беа повикани сите советници. Заедно одевме од месна заедница, на месна заедница. Три дена ги усогласувавме програмите и Буџетот. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ниту имаа предлог, ниту било каква забелешка, освен една независна советничка, на која барањето веднаш и беше прифатено.

2. Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош се задоцнети, на повеќе од половина се погрешно напишани ставките и на веќе донесени програми (усвоени од нив самите) како ќе даваат амандмани? Тоа е причината за отфрлањето на истите.

3. Најголем дел од амандманите се со еден денар. Само еден денар.

4. На ВМРО-ДПМНЕ тогашната опозиција им го оспоруваа проектот „Скопје 2014-та“ и сметаа дека тоа се ненаменски потрошени средства. Што јас во Карпош потрошив ненаменски? Вратени се долгови на Буџетската сметка, има редовни приливи, најчесто возам сопствен автомобил, не користам општински мобилен телефон и ретко користам репрезентација.

Значи обидот за блокирање на Буџет беше ментална гимнастика на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Моја порака до сите нив е место да го плукаат претседателот на Советот Бранко Ристов од Левица, треба да му бидат благодарни зошто нивниот лидер Христијан Мицкоски од наредната недела ќе се соочеше пред своите врати со многу сериозни протести.

Сепак, драг пријателе, длабоко сум убеден дека ова е најдобро и вистинско решение, зошто се друго ќе ја разобличеше подмолната политика на ова за жал изгубено раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Голем поздрав до поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски“, му реплицираше Јакимовски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *