Македонија Новости Топ Вести

Интервјуа на кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која треба да бидат спроведени интервјуа на пријавените кандидати за се претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на ДКСК е составена од седум членови, а беше формирана на 14 месецов согласно Одлуката на Собранието објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК.

Членови на Комисијата за селекција се Јован Андоновски, заменик народен правобранител номиниран од Народниот правобранител, Снежана Камилоска Трпкоска претставник на Македонски центар за меѓународна соработка Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од областа на демократијата и владеењето на правото, Никола Додов претставник на Здружението за поттикнување и промоција на информатиката Асоцијација на студенти информатичари Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците од власта Фаница Николовска и Берат Ајдари и од опозицијата Ели Панова и Кастриот Реџепи.

Според законот, Комисијата за селекција ја формира листата на кандидати и по пет дена започнуваат интервјуата. На интервјуата присуствуваат претставници на повеќе институции, како и невладини организации и можат да поставуваат прашања на идните антикорупционери, а се ова се пренесува на Собранискиот канал.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *