Македонија Новости Став Топ Вести

Почнува судењето на Артан Груби

Денеска во Кривичниот суд почнува судењето на Артан Груби и останатите одбинети за случајот Државна лотарија“ вреден околу 8 милиони евра. Поранешниот прв вицепремиер се предаде по една година бегство и ќе му се суд за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ за кое во Кривичниот законик е предвидена затворска казна од најмногу пет години.

Првично еше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано во злоупотреба на службената положба.

Тој и уште седум лица се обвинети за злоупотреби во „Државна лотарија“ Првообвинет е Прпарим Бајрами, претседател на Управниотодбор и Генерален директор на Државна лотарија кој е во бегство.

Обвинетите иако биле свесни дека Лотарија немала право електронски игри на среќа на видео терминали сепак започле постапка за набавка на видеолотарискитерминали вредна стотици милиони денари, при што го оштетиле акционерското друштво за околу 8,2 милиони евра. Груби, како што е наведено во обвинението на владина седница одржана на 6ти јуни 2023 постапил спротивно на деловникот за работа на Владата и го заобиколил
пропишаниот начин на одлучување.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *