Македонија Новости Став Топ Вести

ИЗЛОЖБА: „БАЛКАНСКА ГЕОМЕТРИЈА“ – МИЛОШ МИЛОСАВЉЕВИЌ

Галерија МКЦ, 5 февруари, 20:00 часот

Ѕидови како граници, но и сведоци на историјата.

Во своите дела, Милош Милосављевиќ преку прецизни линии и слоевити бои ја истражува синтезата на различни култури и наследството на Балканот. „Балканска геометрија“ e циклус слики кои визуелно го доловуваат судирот на традицијата, политиката и општествените промени.

Изложбата ќе биде отворена до 15 февруари.

За авторот:

Магистрирал на ФЛУ Скопје, професор и декан на Факултетот за дизајн и мултимедија (АУЕ ФОН).

Добитник на наградата за сликарство „Златен лист“ (2024).

„Преку геометриски форми, ритам на бои и динамика на линии, уметникот ја доловува несигурноста, убавината и комплексноста на Балканот.“ – Радмила Лазаревиќ, Виш кустос на Галеријата на Народниот Музеј во Ниш.

Не ја пропуштајте оваа уметничка вечер во МКЦ!

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *