Култура Новости Став Топ Вести

Демократијата повеќе не е алатка на ЕУ и Западниот свет

  • Пишува: Александар Симонов

Историјата познава еден мал милион облици на владеење кои ги класифицирала во неколку групи. Ние сме дојдени до некоја епоха во која општествениот договор е дека времето во кое живееме, сакаме да не’ владее, обликот (за којшто сме согласни дека не е идеален, но моментално е најдобар [нели ова е крајниот аргумент кога немаш со што да го оправдаш демократсково владеење]) окарактеризиран како демократија.

Оваа демократија, е најголема т.н. вредност, на Западот, после Втората светска војна, особено после крајот на Студената војна. Заедно со нео-либералниот економски концепт се претставени како клучни мотори на развојот и претставени како главни адути зошто овие земји се далеку побогати (и не само по економски параметри) од остатокот од светот (исклучувајќи ја цела робовладетелска и колонијална историја, врз чии коски е устроен целиот „раскош“).

Основна компонента на таа демократија се изборите: како политичко одлучување за тоа кој владее и референдумот како општествена одлука по конкретно прашање, за тоа во која насока го двишиме конретното општество, односно држава. Демократијата, практично беше алатка на нео-либералниот систем, кој на крајот од приказната, секогаш победуваше, па макар и (не)демократски.

И ете, дојде време кога нео-либералниот систем баш и не може да победи во демократската битка. Оној момент кога тоа му се случува (либерали како либерали, секогаш флуидно и никогаш искристализирано, битно е елитата, или една од тие што се борат да биде на врвот), почнаа совршено да ја класифицираат демократијата, од „во развој“ до „тоталитарна“. Не битно, со сите фалинки, таа е прифатена, се додека ти се согласуваш со нели демократските правила, односно владетели, кои ти ја наметнуваат таа „демократија“ инаку, е СПРОТИВНО во класификацијата!

Сега следи го трендот на (не)демократија која и се случува на Европава:

Последно: Во РОМАНИЈА Уставниот суд ПОНИШТИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ во првиот круг- затоа што на нив, внимавајте победил (не)европскиот кандидат, којшто на кампања потрошил 0 (нула) евра и ја водел преку внимавајте, главно тикток!

Претходно: Во ГРУЗИЈА – ЕУ не ги признава изборите (иако легитимно оддржани), а дел од Западот активно организира протести демонстрации и рушење легитимна власт, затоа што внимавајте: премиерот одлучил да ги ОДЛОЖИ (не да ги прекине, не да води поинаква политика, не, не, не, ништо од тоа што се наметнува како наратив) туку да ги одложи за неколку години, преговорите со ЕУ, имајќи ги во предвид геополитичките тензии.

Меѓувремено: СИРИЈА, терорист баран со потерница токму од Западните земји, се најавува како лидер кој ќе донесе демократија (да не должам на темата факчекерите веројатно и за ова до сега напишаново ќе ме банираат, ама нели тоа е нормално во демократија).

Крим со Референдум – непризнат, Косово без референдум – признаено, во Молдавија научена лекцијата од неуспешниот Референдум (за СЕВЕРНА ВО НАТО) во МАКЕДОНИЈА, па се (пре)пребројаа гласовите додека не победи страната која што треба. Сигурно ви текнува на референдумот во Каталонија и уште многу (не)демократски ѕрѕавати, за кои кантарот не е спрема изборот на демосот, туку е според изборот на елитата. Да резимираме:

Ние (мислам на Западот) одлучуваме што е ДЕМОКРАТИЈА и тоа е ДОБРО, и ние, одлучуваме што НЕ Е ДЕМОКРАТИЈА, и тоа е ЛОШО. Изборите, референдумите и се останато, немаат никаква врска со демократијата!

Како се справуваме денес со сите што не мислат како нас (Западот), многу едноставно, ги класифицираме како проруски! Ама баш се, секој и сешто, којшто ги отфрла нашите идеи, видувања на светот (да поедноставам ВЛАДЕЕЊЕ, ЕКОНОМСКИ И БИЗНИС ИНТЕРЕСИ), без разлика на аргументацијата, мотивот, секој ДЕМОКРАТСКИОТ ИЗБОР кој што не соответствува со интересите на западната елита, го демонизираме како ПРОРУСКИ!

Без разлика на цензурата која се наметнува на мејнстрим медиумите и социјални мрежи (a тоа вклучува креирање на мислење на апсолутно цела популација), веројатно ПРИМЕТУВАТЕ дека во цела Европа (т.с. ЕУ), во сопствените земји имаат проблем да ги прифатат партии (чии ставови и политики добиваат поддршка на легитимни избори) на избори кои сами ги организираат (не навлегувам во идеологијата) и целосно ги исклучуваат од општествениот живот нивните ставови, а со тоа лишуваат од општествена застапеност (погледни го развојот на опозицијата пред се во „најсилните“ членки на ЕУ Германија и Франција), дадени насоки за управување на државата од далеку немаргинални групи.

Да заклучам: ДЕМОКРАТИЈАТА, во оваа епоха, е најголем противник на оние кои ја промовираат ДЕМОКРАТИЈАТА децении наназад како најголема вредност. Моментално идејата за владеење на народот – ДЕМОКРАТИЈАТА се оддржува во живот преку (НЕ)ДЕМОКРАТИЈА (и станува привид, за кој се повеќе широките народни маси се свесни).

АКО ДЕМОКРАТИЈАТА, НЕ СЕ ПРЕДАДЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА, ТОГАШ СО СИГУРНОСТ ВО ЕВРОПА НЕМАМЕ ДЕМОКРАТИЈА.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *