Македонија Новости Став Топ Вести

Поранешни конгресмени и претставници на ИРИ на средби во Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе бидат поранешни конгресмени и службеници од Конгресот на САД, претставници на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон и претставници од Канцеларијата на ИРИ во земјава.

Тие ќе остварат средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши и потпретседателите на Собранието Антонијо Милошоски, Весна Бендевска и Јован Митрески, а потоа и со генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералните секретари на Собранието Никола Ѓошевски, Бобан Стојаноски и Ибуш Јусуфи.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *