Македонија Новости Став Топ Вести

Димитриеска-Кочоска: Лидерството се гради со работа, одговорност и резултати

Како жена на раководна позиција, верувам дека лидерството најсилно се потврдува преку одговорноста што ја преземаме, одлуките што ги носиме и резултатите што ги постигнуваме“, порача Димитриеска-Кочоска.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на Concordia Annual Summit 2026 во Њујорк, каде присуствуваше на сесијата посветена на женското лидерство во услови на глобална неизвесност.

Во рамки на самитот, кој се одржува паралелно со Генералното собрание на Обединетите нации, Димитриеска-Кочоска присуствуваше на сесијата „Holding the Line: Women’s Leadership in an Era of Global Uncertainty“.

Таа посочи дека застапеноста на жените на високи раководни позиции бележи значаен напредок, но оти предизвик останува тој напредок да биде одржлив и да продолжи да се зајакнува, особено во периоди на кризи и неизвесност.

Според министерката, за тоа се потребни силни институции, поддршка и средина во која жените не само што ќе бидат застапени во процесите на одлучување, туку ќе имаат можност активно да придонесуваат, да носат одлуки и да ги претвораат во конкретни резултати.

„Како жена на раководна позиција, верувам дека лидерството најсилно се потврдува преку одговорноста што ја преземаме, одлуките што ги носиме и резултатите што ги постигнуваме“, порача Димитриеска-Кочоска.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *