Стапка на инфлација од 3,9 отсто годинава – повисока за 0,9% во споредба со априлските предвидувања. Народната банка со нови ревидирани прогнози – инфлацијата повисока а економскиот раст на ниво од 3,5 отсто. Годинава дефицитот на тековната сметка ќе биде подлабок во однос на лани и ќе изнесува 4,2% од БДП.
Според гувернерот на народната банка Трајко Славески, и фодинава ценовниот притисок е подгреан од цените на храната и на енегенсите .
Трајко Славески, гувернер на НБРМ: Нашите очекувања се дека просечната стапка на инфлација во 2025 година ќе изнесува 3,9% а во натамошниот дел на проекции ќе следи патека на надолно приспособување и враќање кон историскјиот проесек што го бележевме изминатиот период. Инфлацијата во 2025 ќе биде под влијание на растот на цените на храната во услови на се уште на инертна базична инфлација и одредено стабилизирање на цените на енергенсите. Во наредниот период проекциите се дека инфлацијата ќе се сведе на 2,5 отство во 2026 година и 2 отсто на среден рок.
За разлика од проекциите на Народната банка, предвидувањата на македонската влада се дека инфлацијата годинава ќе изнесува 2,8 отсто. Гуверенрот признава дека растот на платите уи на пензиите влијае врз инфалторната спирала
Во првата половина од 2025 година економскиот раст изнесуваше 3.2 отсто и НБМ очекува дека годинава ќе заврши со стапка на раст од 3,5 проценти додека во следните две години просекот ќе движи околу 4 отсто .






