Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени


Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамки на европското семејство зашто сме виделе во минатото многу пати – кога се сакало се се можело, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој потенцира дека за него постојат само македонски црвени линии, како и дека за Резолуцијата на СДСМ ќе се изјасни по локалните избори. 

-Ние имаме јасна позиција, гаранции – кои ги спомна претседателот на Европскиот совет, зашто македонските граѓани без разлика на етничката припадност, многу дадоа во име на европската иднина на државата, како ниту еден друг народ во Европа. Ако сакате да тргнеме да анализираме од 18, 19 век па навамау за за последниот сега веќе да не зборваме. Без такви гаранции на памет не ми паѓа да размислувам за какви било уставни измени. Што со Македонците од другата страна на таа граница? Што со нив? Ќе се откажуваме ли секогаш како влади од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот? Тоа јас нема да го направам никогаш. А треба само едноставно да се применат пресудите од Стразбур, ништо повеќе не треба да прават. Тоа е меѓународно право, Бугарија е потписник на тие конвенции. Само треба да го применат она што го донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур што е и европска темелна вредност – да може ОМО Илинден Пирин да функционира како здружение на Македонците во Бугарија и со тоа ќе стекне право да претстави свој човек во Министерскиот совет за малцинства во Бугарија како што имаат Евреите, Ерменците, Турците, Ромите,… Заслужиле Македонците кои според пописот во 1956 година биле мнозинство во западна Бугарија, а во 1965 година магично исчезнале 200 000, да имаат свој претставник таму. И јасно држење до Резолуцијата од јули 2022 година која заеднички ја гласаше Парламентот со 95 гласа. Ништо друго не бараме, ова е тоа што го бараме. Ова се се факти. Кога ќе видиме подготвеност од другата страна и ние сме подготвени да седнеме и да разговараме, подвлече премиерот. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *