Македонија Новости Став Топ Вести

Седници на неколку собраниски комисии

Овие предлог законски решенија се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за економски прашања, труд и социјална политика, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се три Предлог-закони во второ читање и тоа измените на Законот за волонтерство, измените на Законот за младински додаток и Предлог-законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт.

Овие предлог законски решенија се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе имаат средба со студенти од Факултетот за детективи и безбедност при Американскиот универзитет на Европа ФОН – Скопје.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *