Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски: Ја научивме лекцијата, за клучните прашања мора да има единство

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју вечерва изјави дека на средбата со лидерот на СДСМ ,Венко Филипче, разговарале  за градење на национален консензус за клучните прашања.

-Ние можеме да се критикуваме за области за кои треба да има простор за критика, но кога станува збор за клучните правци, мора да изградиме култура која ќе значи единство и консензус. Очекувам и од другите политички партии доколку побараат средба, истото да им го предложам, посочи премиерот Христијан Мицкоски.

Во однос на евентуално вклучување на претставници од СДСМ во одредени реформски процеси, Мицкоски вечерва во гостувањето на телевизијата Алфа, рече дека генерално овој процес треба да е инклузивен.

– СДСМ претходно била седум години дел од Владата. Имало одредени процеси кои во минатото се случувале, како што се измени во Кривичниот законик кои се носеа во Собрание со злоупотреба на европското знаме. Не гледам причина зошто да не се вклучени, како и другите кои сакаат да бидат вклучени со свои идеи, во насока на вистински реформи, рече Мицкоски.

Во однос на градење на национален консензус, кога станува збор за суштински прашања поврзани со сегашноста но и иднината на држава, Мицкоски рече дека без оглед на сите разлики во партиите, важно е да се седне да се разговара за клучните теми.

-Тоа е нешто што мене како политичар ми е многу важно. Да седнеме и за клучните теми да се договориме и да немаме дисонантни тонови потоа. Ние можеме да се критикуваме за области за кои треба да има простор за критика – лоши перформанси во економијата, некој злоупотребил нешто.. но кога станува збор за клучните правци, мора да изградиме една култура која што ќе значи единство и консензус. Очекувам и од другите политички партии кои ќе побараат средба, истото да им го предложам. Кога станува збор за клучните прашања сите да бидеме обединети и да изградиме консензус. Филипче кажа дека има разбирање за нашите различни ставови поврзани со уставните измени. Тука имаме принципиелен став, тој ги знае нашите аргументи, рече Мицкоски.

Тој посочи оти цени дека ваква средба рефлектираат порака на обединување, особено околу клучните прашања.

-Ценам дека со ваква средба ќе испратиме порака дека ние политичарите ја научивме лекцијата и дека кон граѓаните треба да рефлектираме порака на обединување, на единство, посебно околу клучните прашања и низ поинаква оптика да ги гледаме работите, кога станува збор за ваков тип на прашања. Воедно, во услови на траор, на специфична емотивна состојба на населението, да испратиме порака дека политичарите не комуницираат со ниски страсти на дневна основа и со политиканство, туку можеме да се покажеме ширина, додаде Мицкоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *