Ако успееме да сработиме добро со Франција и со некои земји од Западна Европа, нашите аргументи може лесно да бидат примени, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за позицијата за уставни измени со одложено дејство.
– По мене, мислам дека е побитен квалитетот на држави од коишто имаме средба отколку борјката. Многу често зборувам на група на држави кои што се спротивставуваат на проширување. И за мене најзначајна средба која што премерот Мицковски ја имал откако е избран, е средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон. Од причина што Франција е сега играч број еден во ЕУ. Макрон е несоменено лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателски избори, влада со која што соработува. Германија допрва влегува во избори. Ќе има најверојанто промена. Дополнително, од премериот сум информиран дека поминала и во еден исклучителено добар тон. Ако успееме да сработиме добро со Франција и со уште неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи може лесно да бидат примени. Затоа што јас стојам на тезата доколку ЕУ сака Македонија да почне преговори, Македонија ќе почне преговори, затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ. Па јас би рекол повеќе дека не само за најслабата туку за најсилните пет-шест. Ова беше едно добро образложение во периодите кога тие не сакаа да се зборува на тема проширување во нивната домашна јавност. Кога тоа би се променило, убеден сум дека еден дипломатски тешкаш од Западна Европа со едно претпладне или едно попладне во Софија, ќе го реши проблемот – рече вечерва Николоски на „Тема на денот“ на Телевизија Сител.
Денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со претседателот на СДСМ Венко Филипче, Николски ја поздрави и оцени како добра работа во насока на градење на здрав дух меѓу политичарите.
– Апсолутно мислам дека е добро. Сиљановска има голем легитимитет, освои огромен број на гласови. Треба да комуницира со сите политички структури во државата. Има средба со најголемата опозициска партија и тоа е во насока на градење на еден здрав дух и здрави односи помеѓу нас како политичари. Така што можам само да го поздравам – рече тој.






