Македонија Новости Став Топ Вести

МНР: Муцунски ќе ја одржи првата прес конференција

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за првпат денеска ќе се појави пред новинарите на прес конференција. Ова е првпат од формирањет на Владата да се одржи прес конференција.

Тој денеска ќе биде домаќин на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, кој пристигнува во официјална посета на земјата.

Според Министерството за надворешни работи, главни теми на разговорите меѓу Муцунски и Фидан ќе бидат билатералните политички односи, зајакнувањето на економската соработка, поттикнувањето на инвестициските можности и унапредувањето на соработката во други сфери од заемен интерес.

Програмата предвидува тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, по што ќе следи билатерална средба со присуство на делегации од двете министерства. Во завршниот дел од посетата, министрите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај средбите со МНР, министерот Фидан ќе го посети и Собранието на Република Северна Македонија, каде што ќе има состанок со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *