Македонија Новости Став Топ Вести

Аеродром, Гостивар и Сарај ќе добијат нови градоначалници без избори? – Таравари со детали за најавениот закон

Арбен Таравари, дел од албанската коалиција Вреди, вчера официјално потврди дека е подготвен закон со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај.

Како што вели, тие како Алијанса за Албанците предлагаат в.д. градоначалник кој би имал два пати по шест месеци мандат, со цел намалување на трошоците.

„Замислете кампања да направи некој кандидат за градоначалник само за десет месеци и да излезат да речеме 30, 50, 701 илјади граѓани да гласаат за да изберат градоначалник кој ќе биде за само десет месеци. Ако сакаме да ги редуцираме трошоците, истиот в.д. градоначалник практично би имал два пати по шест месеци мандат. Тоа е решението што го предлагаме како Алијанса за Албанците. Се надевам да биде поддржана и од другите партии, рече Таравари.

Според информациите, се работи за предлог закон со цел да не се организираат избори ако до редовниот термин има помалку од две години, што е половина од мандатот. Законите се очекува да одат по скратена постапка и треба да се донесат до изборот на новата влада.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *