Македонија Новости Став Топ Вести

Ристовски: Поголеми пензии, наместо јадење бифтеци и лешници

По митингот наКоалицијата „Храбро за Македонија“ ја почна кампањата за парламентарните избори во скопската населба Ченто од каде повика на гласање за претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на 24 април и гласање за коалицијата у нивната понуда на 8 мај. кој говореше лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски тој одговараше на прашања на присутните за дел од програмата на коалицијата.  Ристовски најави зголемување на сите пензии кои се под 25.000 денари.

„Имаме иновативно решение за пензионерите, тие што примаат пензии по пензионерско семејства под 25.000 денари ќе бидат таргетирани како ранлива категорија на неселение, и тука државата ќе мора да реагира со мерки на социјална политика. За тоа има доволно во буџетот. Ќе се замрзнат сите несуштински трошења, сите набавки на бироа, на опрема на автомобили на репрезентации, на јадење бифтеци и лешници по канцеларии, секој министе ќе го плаќа кафето од својот џеб. Државата не треба да жали средства за пензионерите, мора да имаат пристоен и квлитетен живот“, кажа лидерот на ИНТЕГРА.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *