Откако Владата на една од последните седници под претседателство на Димитар Ковачевски едногласно го усвои предлог-законот за рестриктивни мерки поврзан со лицата кои се на црните листи на САД и Велика Британија, сегашниот владин кабинет го повлече од собраниска процедура од „административни причини“.
„Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието“, соопштија од Владата.
Надлежен орган за поднесување на овој закон е Министерството за надворешни работи. Дали се работи само за „административни причини“ или е нешто друго засега не е познато.





