Министерот за надворешни работи во грчкиот парламент изјави дека Договорот од Преспа не може еднострано да се менува, па ни за промената на пасошите
Во два дена стигнаа два истоветни сигнали од Атина поврзани со Преспанскиот договор. Тој не може да се менува, еднострано. Па макар причината била и неможноста сите македонски граѓани навреме да ги променат пасошите.
Вчера амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, му порачала на новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, дека мора да се почитува Преспанскиот одговор и неговите одредби. Барем така изјави Тошковски.
Сношти и денеска тоа јавно го прецизира нејзиниот номинален шеф, министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис.






