Ковачевски, а со тоа и целата влада и собранискиот спикер Џафери од денеска се и официјално во оставка. Најпрвин премиерот кој уште неколку дена до седницата на 28 ќе остане вршител на должност во изјавата која ја даде за медиумите посочи дека очекува дека и техничката влада ќе се грижи за граѓаните но и посочи дека по изборите очекува повторно да се врати на премиерската функција.
На Џафери му посака успех во престојните 100 дена во кои ќе треба да ја предводи техничката влада и да ги организира престојните избори иако како што рече имаат различен стил и пристап, но целта е граѓаните да бидат во прв план.
Од кабинетот на Џафери известија дека и тој ја депонирал оставката. Од ротациите познато е дека прв вицепремиер во техничката влада ќе биде Бојан Маричиќ задолжен за европски прашања, а вицепремир си останува Артан Груби во политички систем и односи меѓу заедниците. Останатите кадри со исклучок на оние им припаѓаат на опозицијата остануваат непроменети.
Со реакција денеска и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека поднесувањето на оставките е почеток на крајот на владата на СДСМ и ДУИ.
Оставките ќе бидат констатирани в петок на седница на 26 ти а за истите ќе биде известен и шефот на државата Пендаровски. Веќе на 27 ми мандатарот ќе ја претстави програмата и целиот владин состав а на 28 е седницата кога почнува расправата и гласањето за новата техничка влада.






