Македонија Новости Топ Вести

Балканските лидери во став „Мирно“ пред синот на Џорџ Сорос

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од Западен Балкан, посветен на Планот за раст усвоен од Европската Комисија.

На состанокот ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџич, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

На средбата ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан. Дополнително, ќе присуствуваат и претставници од Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, УСАИД, Фондацијата отворено општество, Центарот за Европа, Атлантскиот совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции како што се Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

Согласно програмата, пред почетокот на состанокот, изјава за медиумите е најавена од премиерот Ковачевски, а се очекуваат изјави и од претседателот на Србија, премиерите на Албанија, на Црна Гора, на Косово, како и од Герт Јан Копман и американскиот помошник државен секретар О’Брајан.

По воведните изјави, следи состанокот на лидерите на Западен Балкан на кој видео обраќање ќе има и Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина. Во 12:15 часот предвидена е заедничка прес-конференција на лидерите.

Синоќа, премиерот Димитар Ковачевски ги пречека лидерите од регионот кои денеска ќе учествуваат на состанокот во Скопје.

– Во пресрет на утрешниот Лидерски состанок во Скопје, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија, вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ. Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.

На 8 ноември, Европската комисија го усвои Планот за раст на Западен Балкан, со кој на земјите од регионот им се дава можност да користат дел од придобивките на ЕУ уште пред да станат нејзини членки, со цел да се поттикне економскиот раст и да се забрза социоекономската конвергенција.

Четирите основни столба на кој ќе се базира Планот за раст се подобрување на економската интеграција на земјите од регионот со единствениот пазар на ЕУ, зајакнување на економската интеграција на државите од регионот во заеднички регионален пазар, забрзување на фундаменталните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформите преку Фондот за реформи и раст за Западниот Балкан, како нов инструмент во вредност од 6 милијарди евра неповратна поддршка за спроведување на основните и социо-економските реформи.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *