Македонија Новости Топ Вести

In memoriam: Почина Александар Диневски – поранешен разузнувач и еден од „осумтемина од МВР“


Вчера почина Александар Диневски, поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од таканаречените „осумтемина од МВР“, од последните години пред распадот на екс Југославија. Веста за смртта на Диневски се рашири преку социјалните мрежи на кои бројни граѓани упатуваат сочуство за неговата смрт.

Својот работен век Диневски го помина во безбедносните служби. Пошироката јавност го запозна неспосредно пред распадот на поранешна Југославија како дело од таканаречените „осуммина од МВР“, група која ја најави демократизацијата на Македонија, а која во 1989 година беше суспендирана од работа со решенија на тогашниот републички секретар за внатрешни работи Јован Трпеноски.

Диневски е и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 90-тите години од 20 век беше дел од информативниот центар на партијата, познат како КСИО.

Александар Диневски беше еден од осудените во случајот „Шпион“ за злосторничко здружување, оддавање државна тајна и шпионажа, случај кој за многумина сѐ уште претставува монтиран политички  случај за елиминација на неистомислениците со поранешната власт предвоедена од екс премиерот Никола Груевски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *