ВМРО-ДПМНЕ се уште не открива кои ќе бидат нивните кандидати за техничката влада на министерските позиции на внатрешни работи и труд и социјална политика, и во дополнителните заменици министри. На денешниот брифинг со новинарите лидерот на партијата Христијан Мицкоски исто така не ги откри кандидатите за претседател и најави дека партијата официјално ќе го соопшти неговото име на конвенција на 2 март.
Техничката Влада, според него, ќе се изгласа, но ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржат од гласање за Талат Џафери, претседател на Собранието, кој е предлог на ДУИ за технички премиер. Мицкоски рече дека не го ценат тоа што тој го направил во Собранието.
Партијата се уште нема конечна одлука дали ќе ги повлече своите членови од Државната изборна комисија доколку не биде изгласан предлог за член на ДИК на албанската опозиција. Мицкоски вели дека проблемот настанува кај членовите на Избирачките одбори, но би можело да има за набавка на софтвер за биометриските апарати за гласањето на 8 мај, доколку има изјаснување и за претседател и за парламентарни избори. Може да се случи, појаснува тој, на пример некои од гласачите да не сакаат да гласаат за претседател туку само за парламентарни избори. Во таков случај излезноста треба поинаку да се забележува.