Откако барањето ќе биде преведено на турски јазик ќе биде веднаш испратено на турските власти, односно до Министерството за правда на Турција
Министерот за правда, Кренар Лога, го потпиша барањето за екстрадиција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски кој беше уапсен во Турција.
„Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски и откако ќе биде преведено на турски јазик ќе биде веднаш испратено на турските власти, односно до Министерството за правда на Турција. Очекуваме соработка со правосудните органи на Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок по што Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја“, стои во соопштението од Министерството за правда.
Министерството за правда, претходно информира дека постапката за екстрадиција е започната и побарале од надлежните турски власти Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршувањето на постапката. Барањето, како што соопштија претходно од министерстовото, се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку Интерпол).