Македонија Новости Свет Топ Вести

И Лавров доаѓа во Скопје


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека ќе присуствува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, ако Бугарија дозволи неговиот авион да помине низ нејзиниот воздушен простор.

„Сега се чини дека Македонија нѐ покани на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ. Бугарија изгледа ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор. Ако успее, ќе бидеме таму“, рече министерот, говорејќи на форумот  „Примаковски читања“.

Во Скопје се очекува да пристигнат 76 делегации на земји-членки на ОБСЕ и партнери на ОБСЕ, претставени главно од министрите за надворешни работи.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *