Македонија Новости Топ Вести

Апасиев: Талат закажа единаесет Седници – ДПМНЕ прави кворум на ДУИ и СДС

Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев соопшти дека широката коалиција на ДПМНЕ со владата на ДУИ и СДСМ продолжува беспрекорно да функционира. По донесените измени во Кривичниот законик со кој обвинетите бивши функционери од овие три партии се „ослободија“ од обвинувањата за милионски криминали и минатата недела го донесоа Деловникот, со кој ја укинаа опозицијата во парламентот, денес ќе продолжи со довршување на единаесет Седници, кои ги свикал Талат, а истите се одржуваат со кворум направен од ДПМНЕ.

„Широката коалиција си гази! Денес Таљат закажа рекордни 11 седници – ДПМНЕ му прави кворум, па дури и му гласа закони со 2/3 мнозинство“ – напиша Апасиев

Граѓаните се повеќе гледаат како партиите на домашната олигархија, слугинки на странските амбасади, всушност се една партија, која глуми постоење на власт и опозиција. ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ продолжуваат со елитизирана работа, надвор од јавниот интерес, и тесно поврзано со лукративните принципи на политичко постоење.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *