Македонија Новости Топ Вести

„Албанија, со тебе сме“: Македонската репрезентација неинтересна за министрите албанци

Додека репрезентацијата на Македонија која вчеравечер ги одмери силите со Англија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, дел од министрите во македонската Влада се наоѓаат во Тирана каде што ѝ даваат поддршка на Албанија во дуелот против Фарските Острови.

Според ТВ 21, вицепремиерот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за правда Кренан Лога вечерва наместо на трибините на Градски се наоѓаат во албанската престолнина, каде што ќе го слават и официјалниот пласман на нашиот западен сосед на ЕП 2024.

„Албанија, со тебе сме“ порачаа и политичарите од опозицијата Изет Меџити, Висар Ганиу, Африм Гаши и Биљал Касами.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *