Македонија Новости Топ Вести

Сијарто доаѓа во Македонија


Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре, 16 ноември, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во фокус на разговорите ќе бидат нашиот пристапен процес во ЕУ, билатералните односи во контекст на економската соработка и партнерството во рамки на меѓународните организации, како и други актуелни надворешно-политички теми.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *