Сашо Мијалков нема да одговара за кривично дело примање награда за противзаконито влијание во предметот на поранешното СЈО.
Со одлука на Апелациониот суд, укинато е обвинението против него, а во образложението на одлуката се наведува дека тоа е направено заради донесените измени во Кривичниот законик со кои се намалија казните, па кривичното дело за кое тој одговараше, сега е веќе застарено.
За останатите обвинети, Апелациониот суд ја преиначи пресудата, и затворските казни им ги замени со условни.
Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајковски беа осудени на затвор од по 2 години.






