Македонија Новости Топ Вести

Во Собрание расправа за идниот директор на ОТА


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да расправа за Предлог – одлука за избор на директор на Оперативно-техничката агенција. 

Претседателката на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска неодамна за МИА информира дека на конкурсот за директор на ОТА се пријавени 21 лице. ОТА веќе два месеца е без директор. 

Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 5 септември 2023 година, донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА.  За директор на ОТА може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во следниве области: информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки и  да има минимум десет години работно искуство по завршување на образованието во областите предвидени во потточката 2) на оваа точка.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *