Пред некој ден, Асошитед прес објави дека израелскатата влада има полутаен нацрт-план за дислокација на целиот палестински народ во Египет, на Синај.
Тоа изгледа би било нивното посакувано конечно решение на палестинското прашање.
Фразата “Конечно решение на еврејското прашање” (Endlösung der Judenfrage) изворно доаѓа од Хејнрих Химлер од 1942, а операционализирано е (знаеме како) од Адолф Ајхман. Хитлер наводно имал План Б, кој предвидувал депортирање на сите евреи на Мадагаскар.
Се почесто доаѓам до едноставен исход: обемот ужасите на овој свет се случува точно и еднаквопропорционално на обемот на нашиот молк за нив. Парцијално како поединци, народи и како човештво во целост, не спопаѓа токму она зло против кое не сме се бореле, а сме можеле. Сме го премолчале, ништо не сме направиле. Или дури сме го оправдале.
Ова е петта војна во Газа од 2008 година наваму. Секоја е покрвава од претходната.
Без разлика дали ќе го спроведат овој или некој друг план, во Газа, Палестина, во тек е трагедија од библиски размери.
Но, не, не сте “вие” самопрогласени избраниот народ. Тие се. 75 години се под окупација и стојат исправени. Погледнете ги.
“Stay strong, son.”

ФБ статус на Крум Велков