Македонија Новости Топ Вести

Пендаровски :План А, план Б кај мене нема

План А, план Б кај мене нема. Јас не сум дел од некаков план. Имаме еден месец закон во сила, потпишан указ, изјави синоќа претседателот Пендаровски


„Ја оспорувам тезата дека измените на Кривичниот законик се направени за поранешниот премиер Никола Груевски да се врати. Не е вратен. Јас не го гледам. Сигурно и да има (некаков план за негово враќање) нема да оди преку мене’, истакна синоќа претседателот на државата Стево Пендаровски.  

– План А, план Б кај мене нема. Јас не сум дел од некаков план. Имаме еден месец закон во сила, потпишан указ. Каде е Груевски? Како е вратен? Каде е скриената амнестија? Медиумите шпекулираат дека Груевски ќе се врати со некое начелно правно мислење на Врховниот суд. Тогаш зошто се измените на Кривичниот законик, ако беше доволно да ги усвоиме па да се врати, праша Пендаровски во вечерашното интервју во емисијата Вин Вин на ТВ Телма.  

Шефот на државата тврди дека „во ниедна варијанта“ не би дал амнестија како претходниот претседател Ѓорге Иванов, но потврди дека му пристапиле со барање за амнестија на Груевски од врвот на најголемата опозициска партија. 

-Да бидам прецизен од врвот на најголемата опозициска партија бидејќи, таму немојте да мислите дека владее идеално единство. Има луѓе кои би сакале да бидат калиф наместо калифот. Повеќе не можам да ви кажам, рече Пендаровски. Потоа додаде дека нему директно никој не му пристапил, туку дека тоа било направено преку посредници. 

Шефот на државата го негира тврдењето на опозицијата дека имало состанок кај него за амнестија за што се дели стенограм.   

Зборувајќи за измените во Кривичниот законик, Пендаровски рече дека не се точни формулациите во медиумите дека паѓаат или застаруваат побрзо предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство. 

-Кога е направено СЈО? Во 2015? Осум години до сега. Колку осудивте до сега по тој член 353 како СЈО? Пред три години ги префрливте. Дали сакате да биде 28 години за застареност, вели Пендаровски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *