Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски : Силата на ВМРО-ДПМНЕ не е во имотот туку во народот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конференцијата на Унија на ветерани порача дека партијата не е градена врз елити, пари и блескава моќ, туку врз кауза, верба и борба која му припаѓа на народот. Силата на партијата, рече тој, не е во имотот што го има, туку во народот, иако во јавноста се препознава токму обратно. Мицкоски потенцираше дека ветераните на ВМРО-ДПМНЕ ја имаа можноста и честа да бидат првите кои во свои раце го имаа предизвикот да создаваат држава.

– Со сите перипетии, светли и темни страни ВМРО-ДПМНЕ како легитимен наследник на идеите на ВМРО ја имаше неизбришливата трага во создавањето на независната македонска држава. И не е доволна само идејата, туку се потребни и луѓето да ја носат идејата. И тогаш, на почетокот на деведесеттите не беше лесно да си ВМРО-ДПМНЕ затоа што противник беше еден гигант и комунистички апарат граден со децении, проектиран за уништување и разбивање на секоја слободно мислечка идеја која е антипод за она што беше слово за ВМРО-ДПМНЕ своја држава, слобода, институции независност. Генерации Македонци беа жртви на комунистичкиот режим, во таа нималку лесна ниту пак рамноправна битка влегоа првите членови на ВМРО-ДПМНЕ на кои јас оддавам почит. ВМРО-ДПМНЕ не е на еден или двајца таа му припаѓа на народот, и на Македонија, рече тој.

Мицкоски потоа истакна дека не треба да се заборави дека оваа партија е градена не врз елити, пари и блескава моќ, туку врз кауза, верба и борба која му припаѓа на народот.

– Мудроста и силата на ВМРО-ДПМНЕ не е во тоа колку имот поседува, туку во народот, белите глави пред мене, и институционалната меморија за нашата посветеност и борба за Македонија. Оддавам почит за улогата за секој еден член на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ. Секој од вас има посебно место и заслуга за развојот на ВМРО-ДПМНЕ. И во име на тоа секако дека заслуга има секој член или поранешен претседател на раководствата на партијата изминатите 34 години, потенцираше Мицкоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *