„Проширувањето веќе не е сон. Време е да одиме напред“, порача преку Твитер Шарл Мишел и ги запали дискусиите на Балканот
„Проширувањето веќе не е сон. Време е да одиме напред“, порача преку Твитер Шарл Мишел, актуелниот претседател на Европскиот совет, посочувајќи ја 2030 годин како можен временски рок за проширување на ЕУ. Тоа ги запали дискусиите на Балканот, каде што датумите се сфаќаат многу буквално и каде што, место да се исполнуваат условите, се бараат изговори да се дигнат раце. Причина за второто даде францускиот претседател Емануел Макрон, кој на годишниот состанок на амбасадорите порача дека Унијата пред идното проширување треба внатрешно да се реформира, ако сака да функционира со 28 до 35 нови земји членки, колку што може да брои со Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.
Изјавата на Шарл Мишел е повеќе визија отколку ветување, односно има иста тежина како нашата решеност до 2030 година да ги исполниме условите и да станеме земја членка, бидејќи мораме да имаме временска рамка во која ќе ги движиме реформите. Таа рамка не ја правиме само за нас, туку и по барање на Унијата која исто така си дава временски рамки за процесите, за да може повеќестрано да ги менаџира и да ги подготви процедурите.






