Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Секоја добра намера за нас е добредојдена, потенцираше денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во одговор на прашање како ја коментира посетата на американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар.
Во однос на добрата намера, посочи Мицкоски, мисли на аргументите кои што ќе ги слушне, но очекува и другата страна да ги слушне нивните аргументи.
-Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Кога зборувам за добрата намера, зборувам за аргументите кои што очекуваме да ги слушнеме, а очекуваме другата страна да ги слушне и нашите аргументи. Она што е важно и што треба секој да го знае е дека Владата на ДУИ и СДСМ го изгуби кредибилитетот и таа е единствената пречка за интеграција на Македонија во ЕУ. Колку побргу ова го сфатат, толку побргу ќе се придвижат работите напред. Брзи парламентарни избори се единственото решение ако сакаме да се движиме напред. Се останато е дополнително тапкање во место, рече Мицкоски кој денеска изврши увид во градежните активности на изградба на спортски терен во населба Ченто.
Сепак, тој ја стави посетата на Ескобар во контекст на наводни притисоци, т.е. коленичења, што ги прави владата надвор за да дојдат и да ја убедуваат опозицијата да прифати уставни промени.
–На состаноците изминатите месеци, ние не читаме поезија, како што веќе имам кажано. Тоа се состаноци на кои аргументирано ја браниме нашата позиција, односно позицијата на огромното мнозинство на македонскиот народ и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ всушност и нема друга опција, треба со факти и аргументи да се спротивстави на криминалните активности на Владата, која не може да испорача сите работи што ги има преземено презела, а со цел да останат на власт уште ден повеќе за да можат да продолжат да крадат.. Тие коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да ја притискаат ВМРО-ДПМНЕ, да и прават тортура, а со тоа и врз огромното мнозинство граѓани. Но, ќе ги разочам“, рече Мицкоски и нагласи дека не станува збор за инает на неговата партија, туку за став да не се гласа за уставни измени зашто сметаат дека е така најправилно и во интерес на државата и граѓаните.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека обидите за притисок нема да успеат.






