Македонија Новости Топ Вести

Гир: За злоупотребата на европските фондови мора да има одговорност


Одблиску ќе го следиме расчистувањето со криминалот со европските фондови во Македонија доколку истрагата на Европската служба против измами (ОЛАФ) има исход, порача денеска од Битола евроамбасадорот Дејвид Гир.

Од вкупно 36 истраги на Западен Балкан, дури 18 се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во Македонија. Европската служба против измами (ОЛАФ) подготви седум препораки за европските институции и за македонските власти. Амбасадорот Гир смета дека оние што ги злоупотребиле европските фондови ги мамат европските даночни обврзници, но и македонските граѓани, и за тоа мора да се има одговорност .

„Во случај тие истраги на ОЛАФ да имаат исход се разбира дека тие случаи потоа се проследуваат до Јавното обвинителство во оваа земја и во тој случај како ЕУ очекуваме од јавниот обвинител да преземе навремени активности кои што ние ќе ги следиме одблиску. Луѓето коишто ги злоупотребуваат парите, кои се дел од парите на европските даночни обврзници, прво ги мамат европските даночни обврзници а ги мамат и граѓаните на оваа земја“, порача амбасадорот Гир. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *