Македонија Новости Топ Вести

Кривичен за Миле Јанакиески: Притворот се пресметува само за конкретното казнено дело


Кривичниот суд денеска ги расчисти дилемите кои се појавија во стручната јавност по спроведувањето на Миле Јанакиески во затворот „Идризово“, велејќи дека во казната затвор биле пресметани деновите што тој ги поминал во притвор за конкретното дела за кое е правилно осуден – во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности. Кривичен суд вели дека таа казна затвор му била пресудена откако тој призна вина по наводите од обвинението.

Во соопштението на Кривичен суд се вели:

„Во донесената пресуда врз основа на признание на вина со КОК. бр. 7/18 како и во решение на Апелацискиот суд – Скопје со кое се потврдува првостепената пресуда, но и во наредбата за спровод од судијата за извршување санкции е наведено дека во досудената казна затвор СЕ ЗАСМЕТУВА времето поминато во притвор односно од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор на 06.07.2023 година, односно околу една година и девет месеци. Што значи дека во пресудата веќе е пресметан притворот и куќниот притвор за конкретниот предмет, а согласно и со коментарот на Кривичниот законик на академик Владо Камбовски (стр. 485 и 486) :

Поимот на секое лишување од слобода го опфаќа и притворот, како и казната или мерката на безбедност што се состои во лишување од слобода за истото дело, издржана во странство….(чл. 121)….

….Во сите случаи е потребно притворот и издржаната казна или мерка за безбедност да се во врска со казненото дело за кое на сторителот му е изречена казна.

Што се однесува до барањето за вонредно преиспитување на пресудата, истото, по истекот на сите законски утврдени рокови за достава на пресудата до останатите обвинети за кои второстепениот суд ја потврди пресудата донесена врз основа на признание на вина, ќе биде комплетиран и доставен во Врховниот суд на РСМ, како надлежен суд за одлучување по барањето“.

Откако поранешниот министер за транспорт, Миле јанакиески, беше спроведен на издржувањето казна во четвртокот во јавноста сед појавија неколку толкувања дека тој треба да биде ослободен од издржувањето на казнатата затоа што вкупно имал одлежано четири години и осум месеци затвор за повеќе кривични дела за кои му се суди, а за некои е и првостепено осуден, а во случајот „Титаник“ му беше одредена правосилна затворска казна од 3,5 години.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *